shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Промена на судијата поради повреда: Игор Стојчевски ќе го суди мечот Работнички – Струга ТЛ

Судиската комисија на ФФМ информираше дека има промена на главниот судија за претстојниот натпревар од 14. коло во Првата МФЛ меѓу екипите на Работнички и Струга Трим Љум.

Главен судија на прволигашкиот меч требаше да биде Стојан Трпчевски, но поради повреда (истегнување на препони) на вчерашниот тренинг, нема да биде во можност да го суди натпреварот.

Како негова замена делегиран е судијата Игор Стојчевски.

Натпреварот од 14. коло во Првата МФЛ помеѓу Работнички и Струга Трим Љум ќе биде одигран в недела, со почеток од 13 часот, на тренинг центарот „Петар Милошевски”.