shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Пораз (2-4) од Шкендија

Работнички доживеа пораз (2-4) од Шкендија во 11. коло од Првата фудбалска лига. Иако противникот остана и со деветмина на теренот, на крајот успеа да ги освои бодовите. Работнички имаше 2-2, но, сепак беше поразен.

Методи Максимов донесе предност во седмата минута, откако ја надмудри одбраната на Шкендија и го совлада Захов. Шкендија успеа да израмни преку Аденис Шала во 23.минута.

На почетокот на второто полувреме Влатко Стојановски направи пресврт со втор гол за Шкендија, но Работнички не се предаде. Во 66.минута, Иво Јанакиевски успеа да израмни со прекрасен удар, откако капитенот Крсте Велкоски претходно го погоди дирекот од слободен удар. На одбиената топка добро реагираше Јанакиевски и донесе израмнување.

По ова, Ферхан Хасани доби втор жолт картон и беше исклучен во 68.минута, а само пет минути подоцна Башким Велија постигна трет погодок за Шкендија.

Во 77.минута Шкендија остана и без Мевљан Мурати кој доби црвен картон, но Шкендија постигна уште еден погодок преку Влатко Стојановски во 85.минута и го потврди триумфот.