shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Убедлив триумф во Купот

Работнички се пласира во осминафиналето на Купот на Македонија откако оствари убедлив триумф (0-5) над нисколигашот БВК Коњари. Разликата во квалитет беше очигледна.

По првиот дел, Работнички имаше предност од 0-1, со голот на Димитар Тодоровски. Во вториот дел, Анес Рушевиќ постигна хет – трик, откако ја тресеше мрежата на домаќинот во 50., 66. и во 71.минута. Петтиот гол за Работнички беше дело на Марио Станковски во 77.минута.

Следен предизвик за тимот е Победа, во 8.коло од Првата фудбалска лига.