shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Шаркоски е нов фудбалер на Работнички

Николче Шаркоски е нов фудбалер на Работнички. Тој доаѓа како слободен агент и се враќа во нашиот клуб по една и пол сезона која ја мина во редовите на Академија Пандев.

Шаркоски потпиша едногодишен договор.

„Среќен сум што се враќам во редовите на Работнички. Ова за мене е добро позната средина, верувам дека брзо ќе се вклопам и дека ќе му помогнам на тимот да ги реализира клупските цели“, вели Шаркоски.

Работнички денеска го игра мечот од 1/16-финалето во Купот на Македонија против БВК Коњари.