shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Подготвени за новата сезона: Прво искушение е Кратово

Работнички е подготвен за новата сезона во Првата фудбалска лига. Амбициите на клубот се секогаш високи и во согласност со педигрето на „Херојот од Дебар Маало“.

Првото искушение е во Кратово. Тимот на Љупчо Марковски утре, на отворањето на новата сезона 2022/23, ќе ги одмери силите со составот на Силекс.

„Работевме напорно во изминатиот период и верувам дека сме добро подготвени за почетокот на новата сезона во Првата фудбалска лига. Се надевам дека ќе прикажеме добра игра и ќе оствариме поволен резултат. Имаме максимален респект за противникот, но секако веруваме и во нашите квалитети“, вели шефот на стручниот штаб, Љупчо Марковски.

Натпреварот меѓу Силекс и Работнички ќе го суди Јован Качевски од Струга, а ќе му помагаат Мартин Дејаноски и Давор Цветаноски (двајцата од Кичево). Четврти судија е Марјан Дејаноски (Кичево).

За делегат на натпреварот е одреден Берат Исмаили (Гостивар), а контролор на судењето ќе биде Драге Стојановски (Куманово).