shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Фати Исмаили е нов фудбалер на Работнички

Нов фудбалер на Работнички е Фати Исмаили. Тој доаѓа од редовите на актуелниот шампион Шкупи, каде ја носеше и капитенската лента.

Исмаили треба да ја зголеми конкуренцијата во одбраната и треба да биде квалитетно засилување на стоперските позиции. Тој може да одговори и на левата бековска позиција.

Исмаили денеска стави потпис на договорот и веќе му се стави на располагање на шефот на стручниот штаб Љупчо Марковски.