shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Почеток на подготовките за новата сезона

ФК Работнички денеска ги стартува летните подготовки за новата сезона во Првата фудбалска лига. Новиот шеф на стручниот штаб, Љупчо Марковски, ќе ја изврши првата прозивка на фудбалерите во клупската база во 18 часот, а потоа ќе биде одржан и првиот тренинг.

Првата фаза од подготовките ќе биде реализирана во Скопје, на сопствениот комплекс.

Како што веќе информиравме, ново име во редовите на Работнички е голманот Игор Алексовски, кој доаѓа од Ренова.