shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Јосип Бартон ќе го суди натпреварот Работнички – Борец

Работнички утре (17 часот) го пречекува Борец на Националната арена „Тодор Проески“ во 31.коло од Првата фудбалска лига. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.

Главен судија е Јосип Бартон од Скопје, а ќе му помагаат Александар Ѓорѓески (Тетово) и Дарко Јовчевски (Тетово). Четврти судија е Александар Урошевиќ (Тетово).

За делегат на мечот е одреден Сулејман Ибиши (Тетово), а контролор на судењето ќе биде Тони Стојановски (Скопје).