shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Пораз (0-1) од Скопје на арената

Работнички доживеа пораз (0-1) од Скопје во натпреварот од 29.коло во Првата фудбалска лига што се одигра на Националната арена „Тодор Проески“. Стрелец на единствениот гол беше Филип Јаневски во 69.минута, откако искористи грешка во одбраната на Работнички и успеа да го совлада Бурхан Мустафа.

Драшко Ѓорѓевиќ непрецизно додаде до Момчило Рашо во шеснаесетникот, а Јаневски тоа го искористи да донесе водство за Скопје.

Во првиот дел немаше многу шанси, се закани Дино Најдоски кон голот на Мустафа, а потоа и Анес Рушевиќ имаше обид кон голот на Ефремов.

Во 62.минута, Работнички имаше одлична шанса за водство, по центаршутот на Максимов, Рушевиќ со глава одигра повратна топка за Арбин Зејнулаи, кој шутираше, но на самата гол-линија одбраната на Скопје не дозволи да се затресе мрежата.

Во 69.минута, Скопје поведе со голот на Филип Јаневски.

По примениот гол, Дин Аломеровиќ се обиде од слободен удар, но не беше прецизен, а најубавата шанса за израмнување ја имаше Симеон Христов. Тој шутираше од непосредна близина, но во последен момент нога постави Дино Најдоски, блокираше, а топката заврши во гредата и потоа во корнер.

Работнички во моментот е на седмата позиција со 37 бода.

РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ 0-1 (0-0)

Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје. Судија: Игор Стојчевски. Стрелец: Јаневски 69′ (Скопје). Ж. картони: Рушевиќ (Работнички), Најдоски, Елисон, Десниќ (Скопје).

РАБОТНИЧКИ: Мустафа, Максимов, Рашо, Ѓорѓевиќ (77′ Кутсија), Аломеровиќ, Гоес (77′ Христов), Зејнулаи, Ристовски (60′ Тодоровски), Родригез, Рушевиќ, Станковски.

СКОПЈЕ: Ефремов, Запата, Ѓоргиевски, Најдоски, Пецов, Елисон, Игнатов, Јаневски, Јанакиевски, Десниќ, Кировски.