shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Игор Стојчевски ќе го суди мечот Работнички – Скопје

Работнички ќе го пречека ФК Скопје во воведниот натпревар од 29.коло во Првата фудбалска лига. Натпреварот е закажан за утре, со почеток во 16 часот, на Националната арена „Тодор Проески“, а одредени се и официјалните лица.

Главен судија на натпреварот ќе биде Игор Стојчевски од Скопје, а ќе му помагаат Мартин Петковски (Куманово) и Бранко Путилин (Скопје). Четврти судија е Дарко Стојчевски (Скопје).

За делегат на натпреварот е одреден Благоја Гешоски (Прилеп), а контролор на судењето ќе биде Илир Сеља (Струга).