shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички ќе одигра пријателски натпревар против Осогово в сабота

Работнички договори пријателски натпревар против второлигашот Осогово за да го продолжи натпреварувачкиот ритам во периодот на репрезентативната пауза. Мечот е закажан за в сабота, 14 часот, на теренот на Алумина во Скопје.

Ќе биде тоа убава можност за тренерот Борче Христов да ја провери формата на сите фудбалери. Тимот нема да биде комплетен, со оглед дека дел од фудбалерите одговорија на репрезентативните обврски.