shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Пораз (2-0) од Шкупи на Чаир

Работнички забележа пораз од 2-0 на гостувањето на Чаир против лидерот Шкупи во 23. коло од Првата фудбалска лига. Првото полувреме заврши без голови, но во вториот дел Сандеј Адетунџи во 50.минута и Марјан Радески во 90.минута беа стрелци на головите за Шкупи.

Тренерот Борче Христов промени неколку стартери од мечот против Шкендија, а тимот одлично се држеше во првото полувреме. Најдобрата шанса ја имаше Фаустин Сенгор во 43.минута кога шутираше со глава, но Мустафа успеа да одбрани.

Во вториот дел, Шкупи поведе во 50.минута од мечот. Трапановски го проигра Сандеј Адетунџи, кој од десетина метри шутираше и го совлада Мустафа. Но, во неговиот поглед можеби го попречуваше Марко Ѓорѓиевски кој беше во офсајд позиција. Сепак, судијата Александар Грујоски по консултациите со асистентот го призна погодокот.

Марио Станковски по влегувањето во игра го упати првиот директен удар кон Кристијан Наумовски, потоа се закани и Анес Рушевиќ, а до крајот Работнички имаше и две изгледни позиции од слободен удар, што не ги искористија Кутсија и Аломеровиќ.

Во 85.минута, Шкупи остана со фудбалер помалку поради исклучувањето на Гаги Маргбелашвили, но и со играч помалку Марјан Радески успеа да постигне втор погодок во 92.минута.

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 2-0 (0-0)

Стадион Чаир. Судија: Александар Грујоски (Кичево). Стрелци: Адетунџи 50′, Радески 90′ (Ш). Ж. картони: Шеји, Трапановски, Адетунџи, Хамиди, Брдаровски, Маргбелашвили, Чешмеџиев (Ш), Кутсија, Родригез, Тодоровски, Ристовски (Р). Црвен картон: Маргбелашвили (Ш).

ШКУПИ: Наумовски, Брдаровски, Маргбелашвили, Сенгор, Шеји, Куевен, Стоилов (46′ Ѓорѓиевски), Хамиди (90′ Имери), Алварез, Трапановски (69′ Чешмеџиев), Адетунџи (88′ Радески).

РАБОТНИЧКИ: Мустафа, Илиевски (62′ Максимов), Кировски, Ѓорѓевиќ, Аломеровиќ (89′ Попоски), Гоес, Кутсија (89′ Николовски), Тодоровски (62′ Зејнулаи), Родригез (62′ Станковски), Рушевиќ, Ристовски.