shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Мустафа: Веруваме дека можеме до успех против Шкендија

Работнички го пречекува актуелниот првак Шкендија во 22.коло од Првата фудбалска лига. Три дена подоцна, поради одложувањето што го предизвикаа снежните врнежи, продолжува фудбалскиот шампионат, а нашиот тим е пред нов голем предизвик.

По триумфот над Скопје (0-1) во минатото коло, атмосферата во тимот е одлична, а голманот Бурхан Мустафа очекува ново квалитетно издание.

„Шкендија е актуелен првак, еден од најдобрите тимови во Првата македонска лига, секако дека ги респектираме. Но, исто така веруваме во нашиот квалитет и доколку одиграме на потребното ниво, верувам дека можеме да оствариме успех“, вели чуварот на мрежата, Бурхан Мустафа.

Натпреварот е закажан за 14 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје, а ќе го суди Марјан Стојановски од Кичево.