shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Поради снежните врнежи, натпреварот Работнички – Шкендија одложен за 9.март

Натпреварот од 22.коло меѓу Работнички и Шкендија е одложен поради снежните врнежи на територијата на целата држава. Фудбалската федерација на Македонија ги пренасочи сите мечеви од денешната прволигашка програма за среда, 9 март во 14 часот.

Комисијата за натпревари при ФФМ утрово ги извести клубовите дека преостанатите пет натпревари од 22.коло се презакажуваат за 9. март.