shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Борче Христов: Тимот покажа победнички карактер на „Автокоманда“

Работнички оствари важна победа на гости (0-1) против Скопје освојувајќи ја „Автокоманда“. Тоа се многу важни три бода за нашиот тим освоени против еден од директните ривали за бегство од долниот дел на табелата.

Тренерот Борче Христов е задоволен од изданието на тимот и ја потенцира максималната борбеност и желбата за успех на фудбалерите.

„Задоволен сум од тимскиот настап. Фудбалерите ги испочитуваа сите тактички замисли и покажаа максимална борбеност. Работнички покажа дека има победнички карактер на „Автокоманда“. Не е лесно да се совлада Скопје на гости, а дополнителен товар беше и тешкиот и каллив терен. Но, успеавме да постигнеме погодок и да ги неутрализираме речиси сите закани кон нашиот гол. Но, овој триумф го оставаме зад нас и веќе сме фокусирани на следниот предизвик. В недела ни гостува Шкендија. Би сакал да се претставиме во исто издание и на овој дуел“, вели шефот на стручниот штаб на Работнички.

Работнички по 21. коло од Првата фудбалска лига се наоѓа на осмата позиција со 28 освоени бода.