shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Рашо: Бодовите од мечот на „Автокоманда“ се многу важни

Работнички денеска (14 часот) гостува на „Автокоманда“ и ќе ги одмери силите со ФК Скопје. Тоа е многу важен дуел во трката за бегство кон средишниот дел од табелата.

Дефанзивецот Момчило Рашо верува дека тимот на Работнички ќе им се врати на позитивните резултати по минималниот пораз од Шкупи во минатото коло.

„Ова е многу важен меч. Бодовите им се важни и на двете екипи, па верувам дека ќе биде тоа еден жесток дуел. Подготвени сме за надигрување и веруваме дека ќе успееме да оствариме позитивен резултат“, вели Момчило Рашо.

Главен судија на натпреварот кој започнува од 14 часот на стадионот „Автокоманда“ е Игор Стојчевски од Скопје. Ќе му помагаат Даниел Василевски и Бранко Путилин. Четврта судијка е Ивана Пројковска. За делегат на натпреварот е одреден Гоце Цветаноски (Демир Хисар), а контролор на судењето ќе биде Никола Караколев (Штип).