shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Борче Христов: Едно невнимание не чинеше пораз со Шкупи

Работнички загуби минимално од Шкупи со 0-1 на Националната арена „Тодор Проески“ во 20.коло од Првата фудбалска лига. По овој пораз, нашиот тим се наоѓа на осмата позиција на табелата со 25 бода.

Тренерот Борче Христов, секако, не може да биде задоволен од поразот, а истакнува дека ривалот покажал зошто е лидер, умее да го казни секое невнимание.

„Знаевме дека не очекува тежок натпревар против Шкупи и сакавме да ги неутрализираме нивните добри страни. Тоа ни успеа во првото полувреме, Шкупи речиси и да не создаде шанса пред нашиот гол, а ние имавме и можности да отвориме противнапади. Во второто полувреме тие притиснаа силно, а ние почнавме да правиме непотребни грешки. По едно такво невнимание и се случи моментот на одлука. Не го затворивме Марјан Радески и тој успеа да постигне погодок. Треба да извлечеме поуки од овој натпревар и веќе да се фокусираме на следниот предизвик. В недела не очекува гостински дуел против ФК Скопје“, вели шефот на стручниот штаб, Борче Христов.