shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Минимален пораз (0-1) од Шкупи

Работнички загуби од Шкупи со 0-1 на арената „Тодор Проески“ во 20.коло од Првата фудбалска лига. Одлучувачки беше потегот на Марјан Радески во 68.минута откако доби топка од Адетунџи и успеа да го надмудри Бурхан Мустафа со прецизен удар од 12 метри. По овој пораз, нашиот тим останува на осмата позиција на табелата со 25. бода

Работнички беше рамноправен противник во првиот дел пред се неутрализирајќи ги нападите на противникот. Марјан Ристовски имаше обид кон голот на Наумовски, но без ефект.

Во второто полувреме, Шкупи тргна поофанзивно, а Гаги Маргбелашвили во 63. минута го погоди дирекот. Пет минути подоцна, Адетунџи одлично го проигра Марјан Радески, а тој успеа да ја затресе мрежата на Работнички.

Во завршницата, Фреди Алварез во 84.минута уште еднаш го погоди дирекот од голот на Работнички.

Во 90.минута, Владица Брдаровски играше со рака во шеснаесетникот, но судијата Александар Грујоски не покажа на белата точка.

Во следното коло, Работнички му гостува на ФК Скопје на Автокоманда.

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 0-1 (0-0)

Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Судија: Александар Грујоски. Стрелци: Радески 68′ (Ш). Ж. картони: Ристовски, Зејнулаи, Гоес, Рушевиќ (Р), Маргбелашвили, Брдаровски, Радески (Ш).

РАБОТНИЧКИ: Мустафа, Илиевски, Рашо, Аломеровиќ, Максимов (84′ Ѓорѓевиќ), Гоес, Тодоровски, Зејнулаи (73′ Кутсија), Родригез (55′ Христов), Ристовски, Станковски (55′ Рушевиќ).

ШКУПИ: Наумовски, Брдаровски, Маргбелашвили, Чешмеџиев, Шеји, Куевен, Алварез, Хамиди (60′ Трапановски), Радески, Адетунџи (86′ Стоилов), Ѓорѓиевски (71′ Имери).