shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Арбин Зејнулаи потпиша за Работнички

Работнички го доведе третото ново засилување во зимскиот преоден рок. Офанзивниот играч за врска Арбин Зејнулаи потпиша двегодишен договор со нашиот клуб и веднаш се става на располагање на тренерот Борче Христов. Тој денеска веќе го одржа и првиот тренинг.

„Чест ми е што доаѓам во клуб со голема традиција каков што е Работнички. Се враќам во македонското првенство каде добро ги познавам приликите и се надевам дека ќе ја оправдам довербата што ми ја даде клубот. Ветувам напорна работа и се надевам дека заедно ќе бележиме успешни резултати“, изјави Арбин Зејнулаи по потписот на договорот.

Арбин Зејнулаи ја почна кариерата во Шкендија, а потоа замина во хрватскиот прволигаш Локомотива Загреб, од каде сега доаѓа во редовите на Работнички.