shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички означи старт на зимските подготовки (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Работнички денеска ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. Претседателот на клубот Драган Поповски им посака успешна работа на фудбалерите и на стручниот штаб, а потоа тренерот Борче Христов го одржа првиот воведен тренинг со фудбалерите.

Засега официјално тимот се засили со Арменд Алими, кој дојде од Шкендија и треба да претставува квалитетно решение за средниот ред по трансферот на талентираниот Лука Станковски во турскиот прволигаш Газијантеп.

Работнички до 20.јануари ќе тренира во Скопје, а потоа ќе замине на подготовки во Анталија каде ќе биде реализирана главната фаза од подготовките.