shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Илиевски: Ќе се потрудиме за убав крај на полусезоната

Работнички во последното есенско коло, денеска (13 часот) на домашен терен го пречекува тимот на Македонија ЃП. По триумфот над Брегалница во Штип, составот на Борче Христов посакува успех и против „лавовите“.

Дефанзивецот Бојан Илиевски вели дека ќе биде тоа тежок натпревар против тим кој се наоѓа во одлична форма.

„Победата над Брегалница во Штип ни дојде како мелем на раните, сега довербата ни е многу поголема и сакаме да го повториме тоа издание и на денешниот меч против Македонија ЃП. Очекувам тежок и неизвесен натпревар, затоа што и противникот е во одлична форма во последниот период. Но, верувам дека со максимален ангажман и мудра игра можеме да стигнеме до бодовите“, вели Бојан Илиевски.

Денешниот натпревар меѓу Работнички и Македонија ЃП ќе го суди Александар Ставрев од Скопје.