shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Важен триумф против Брегалница во Штип

Работнички ја прекина серијата од пет натпревари без победа и оствари значаен триумф (1-2) на гости против Брегалница. Тоа е прва победа за новиот шеф на стручниот штаб Борче Христов на кормилото на нашиот тим.

Работнички прикажа храбра игра и заслужено го освои Штип. Конечно проработе нападот и тимот постигна два гола, а одбраната беше на висина на задачата со одличниот голман Ристе Јанков кој и на овој натпревар имаше неколку клучни одбрани.

Ристовски се закани на почетокот, но Денковски беше на вистинското место, а Јанков го спречи Алтипармаковски на спротивната страна. Стојкоски шутираше неубедливо и не успеа да го изненади голманот на Брегалница, а сличен ефект имаа и ударите на Ескиќ и на Георгиев кон голот на Работнички.

Многу повозбудливо и поефикасно беше во второто полувреме. Работнички поведе во 56.минута со голот на Марјан Ристовски. По грешката на Стефан Коцев, топката дојде до Ристовски кој од седум метри успеа да погоди во долниот десен агол од голот на Брегалница.

Само четири минути подоцна, по ударот на Марио Станковски и одбиената топка од Денковски, волеј – удар зафати Димитар Тодоровски и зголеми на 0-2.

Пет минути подоцна, Мартин Стојанов го намали резултатот откако доби употреблива топка во шеснаесетникот на Работнички.

До крајот, Јанков имаше неколку одлични интервенции, а одбраната на Работнички успеа да го сочува водството.

По ова 17. коло, Работнички се наоѓа на осмата позиција со 22 бода, а во следното коло ја пречекува Македонија ЃП на домашен терен.

БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ (1-2)

Градски стадион во Штип. Судија: Јован Качевски. Стрелци: Стојанов 65’ (Брегалница), Ристовски 56’, Тодоровски 60’ (Работнички). Ж. картони: Ацковски, Ескиќ (Брегалница), Илиевски, Тодоровски (Работнички).

БРЕГАЛНИЦА: Денковски, Коцев, Азиновиќ, Маневски, Бакрачески, Ескиќ (64’ Дујовски), Ацковски (68’ Наумоски), Георгиев (79’ Кудијан), Стојанов, Алтипармаковски, Џокиќ.

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Илиевски, Позњак, Стојков, Аломеровиќ, Гоес (90’ Ангелов), Тодоровски (90’ Лазаров), Л. Станковски (82’ Кировски), Ристовски, Стојкоски, М. Станковски (72’ Тантуровски).