shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ристе Јанков на списокот на селекторот Милевски за А-тимот на Македонија

Голманот на Работнички, Ристе Јанков, се наоѓа на списокот на селекторот Благоја Милевски за А-репрезентацијата на Македонија, во пресрет на последните два натпревари од квалификациите за СП 2022 во Катар. Тој се враќа во националниот тим и е единствен претставник од домашното фудбалско првенство.

Македонија ќе игра против Ерменија во Ереван на 11 ноември, а три дена подоцна ќе ја пречека селекцијата на Исланд во Скопје.

Селекторот на младата фудбалска репрезентација до 21 година, Драган Канатларовски, упати повик до тројца фудбалери на Работнички за квалификациските натпревари против Украина и против Франција. Повикани се Димитар Тодоровски, Лука Станковски и Методи Максимов.