shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Лука Станковски: Да се вратиме на победнички патеки

Работнички и Скопје го отвораат десеттото коло од Првата фудбалска лига. Нашиот тим на Националната арена „Тодор Проески“ ќе го пречека Скопје во првиот меч по репрезентативната пауза, а младинскиот репрезентативец Лука Станковски се надева дека тимот ќе се врати на победнички патеки.

„Паузата беше искористена за анализа и подготовка за следните искушенија, иако тимот не беше комплетен со оглед дека има младински репрезентативци. Но, по враќањето од репрезентативната акција веднаш се фокусиравме на новите првенствени предизвици затоа што сакаме да вратиме на победнички патеки. Денеска ни гостува тимот на Скопје, еден квалитетен и максимално борбен состав, што заслужува респект. Ние ќе мораме да дадеме 150% од можностите доколку сакаме да ја оствариме целта и да стигнеме до триумф“, вели Лука Станковски.

Натпреварот меѓу Работнички и Скопје ќе се одигра на Националната арена со почеток во 14 часот, а ќе го суди Александар Ставрев.