shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Пораз од Шкупи (2-0) на Чаир

Работнички го доживеа вториот првенствен пораз откако загуби од Шкупи на Чаир со 2-0. Сандеј Адетунџи во десеттата минута и Кристијан Трапановски во 75.минута беа стрелци на головите за домаќинот. По ова, Работнички останува на четвртата позиција со 15 освоени бода.

Шкупи поведе по првата поконкретна акција во десеттата минута. Алварез го проигра Сандеј Адетунџи кој го надмудри Кировски, а потоа и ја погоди мрежата на Ристе Јанков.
Работнички се обиде да возврати преку Тантуровски, но без ефект. На почетокот на вториот дел, Александар Ристевски шутираше со удар со глава, но за малку над голот, а беше изблокиран шутот на Марјан Ристовски.

Во 75.минута, Шкупи поведе со 2-0. Хамиди продре по десната страна, ја уфрли топката во средината, а Трапановски со силен удар погоди на вистинското место. Само една минута подоцна, Ламин Дарбо можеше да намали, но неговиот удар со глава заврши во гредата.

Во следното коло кое е закажано за 16.октомври, Работнички на домашен терен ќе го пречека Скопје.

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 2-0 (1-0)

Стадион Чаир. Судија: Јован Качевски (Струга). Стрелци: Адетунџи 10’, Трапановски 75’ (Шкупи). Ж. картони: Наумовски, Руатубјаје (Шкупи), Ристовски, Л. Станковски, Кировски (Работнички).

ШКУПИ: Наумовски, Руатубјаје, Исмаили, Сенгор, Брдаровски, Шеји, Алварез, Радески (71’ Хамиди), Цветаноски (46’ Адем), Адетунџи (85’ Ѓорѓиевски), Трапановски (85’ Маркоски).

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Ристевски, Кировски (46’ Илиевски), Позњак, Максимов (Дарбо), Ристовски, Гоес, Османоски (60’ Аломеровиќ), Л. Станковски, Стојкоски, Тантуровски (87’ Баџие).