shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Реми (1-1) против Пелистер во осмото коло

Работнички ремизираше (1-1) против Пелистер во осмото коло од Првата фудбалска лига. Натпреварот се одигра на комплексот на ФФМ поради реновирање на теренот на Националната арена, а нашиот тим имаше предност се до 90.минута, кога Пелистер успеа да израмни со голот на Антонио Глоире.

Тој шутираше од работ на шеснаесетникот, топката удри во Максимов, и отседна во долниот агол од голот на Јанков.

Работнички беше подобар противнк во првиот дел и успеа тоа да го материјализира со голот на Александар Ристевски. По нафрлувањето на Марјан Ристовски од десната страна, Ристевски со одличен удар со глава го совлада Трајчевски. Претходно, Дин Аломеровиќ имаше одличен шут од далечина, но голманот на Пелистер одбрани.

Во 52.минута, Бојан Илиевски имаше одлична можност да зголеми на 2-0, шутираше со глава по центаршутот на Аломеровиќ од левата страна, но Трајчевски феноменално одбрани.

По ова, Пелистер тргна поофанзивно, Принц Апонсах излезе сам пред Јанков во 67.минута, но голманот на Работнички спаси сигурен гол. Во финишот, сепак, Пелистер израмни со голот на Антонио Глоире.

По осум одиграни кола, Работнички има 15 освоени бода. Во следното коло ќе гостува на Чаир против Шкупи.

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 1-1 (1-0)

Комплекс на ФФМ. Судија: Фуркан Идризи (Тетово). Стрелци: Ристевски 34’ (Работнички). Ж. картони: Лазаров (Работнички), Јуфо, Драгарски, Вецески (Пелистер).

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Ристевски, Кировски, Позњак, Ристовски (90’ Дарбо), Аломеровиќ (80’ Ангелов), Лазаров (46’ Илиевски), Османоски, Л. Станковски, Стојкоски (80’ Максимов), Тантуровски (66’ М. Станковски).

ПЕЛИСТЕР: Трајчевски, Исмаили, Драгарски, Радуловиќ-Величковиќ, Бериша (46’ Вецески), Размоски (90’ Зеќири), Бошковски, Јусуф (62’ Маневски), Сулејмани (46’ Глоире), Јуфо (87’ Здравевски), Апонсах.