shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Влахо: Честитки за фудбалерите за изданието во Ѓорче Петров

Работнички оствари важен триумф (0-2) на гости против Македонија ЃП и со 14 освоени бода се наоѓа на четвртата позиција на табелата, но само гол – разликата го дели од лидерот Шкупи. Капитенот Кристијан Стојкоски и фудбалерот за врска Лука Станковски беа стрелци на головите за нашиот тим.

Тренерот Александар Влахо заслугите за триумфот им ги припишува на фудбалерите.

„Сакам да им честитам на фудбалерите за изданието што го прикажа Работнички на дуелот против Македонија ЃП. Не е лесно да се победи во Ѓорче Петров, но фудбалерите покажаа завидна спортска дрскост, одиграа тактички одлично и мислам дека сосема заслужено ги освоивме трите бода. Создадовме неколку шанси, реализиравме две од нив, а во одредени моменти имавме и малку спортска среќа, со оглед дека Македонија ЃП ја погоди гредата при наша минимална предност. Но, не се задоволуваме со ова, треба да продолжиме со добри игри во континуитет и веќе размислуваме за следниот првенствен натпревар против Пелистер. Тоа е тим чија форма оди во нагорна линија, останаа непоразени против Шкендија и против Академија Пандев и ќе треба максимално да се подготвиме за наредното коло“, вели шефот на стручниот штаб, Александар Влахо.

Натпреварот меѓу Работнички и Пелистер поради реновирање на тревникот на Националната арена, ќе се одигра на комплексот на ФФМ.