shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Убедлив триумф на тестот со Кадино

Работнички оствари убедлив триумф (0-5) на пријателскиот натпревар против Кадино. Тимот на Александар Влахо покажа комплетна доминација и завидна ефикасност на тест – дуелот против второлигашот.

Марио Станковски од пенал во 27.минута го постигна водечкиот погодок за нашиот тим. Иако во првиот обид голманот на Кадино одбрани, Марио Станковски од втора ја затресе мрежата пласирајќи ја топката на вистинското место. Пред истекот на првиот дел Марио Станковски одлично реализираше по проигрувањето од Дејан Тантуровски за зголемување на водството (0-2).

Во вториот дел, Ламин Дарбо беше расположен за игра и за постигнување голови. Доби шанса на почетокот на второто полувреме и погоди веќе во 52.минута. Четвртиот гол беше дело на Марјан Ристовски по одличната асистенција на Кристијан Стојкоски, а во 90.минута Ламин Дарбо го постави конечниот резултат.