shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Благодарност до ФК Ренова

Фудбалскиот клуб Работнички изразува благодарност до ФК Ренова за одличниот прием во текот на натпреварот, но тоа што сакаме да го потенцираме е пријателскиот гест на клубот од Тетово пред почетокот на денешниот меч. Ренова покажа големина и спортско џентлеменство во моментите кога тоа му беше потребно на Работнички.

ФК Ренова испрати автобус како пријателска реакција на проблемите кои настанаа при нашето патување кон Тетово. Со тоа помогна да нема преголемо доцнење на стартот на натпреварот, а фудбалерите и стручниот штаб на Работнички безбедно стигнаа на ова гостување.

Ова е вистински пример на меѓусебно клупско почитување и израз на спортски фер-плеј и надвор од теренот.