shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Илиевски: Ќе биде неизвесно против Ренова, една грешка може да одлучи

Работнички утре (16 часот) гостува во Тетово и ќе ги одмери силите со Ренова во петтото коло од Првата фудбалска лига. По четири одиграни натпревари и двата тима освоија по седум бода, а дефанзивецот Бојан Илиевски очекува тежок и неизвесен натпревар.

„Ренова е квалитетен тим кој дополнително се засили во преодниот рок и добро ја започна новата сезона. Играат цврсто, посебно на домашен терен и не дозволуваат често да се тресе нивната мрежа. Очекувам тежок и неизвесен натпревар утре во Тетово во кој една грешка или еден добар потег би можеле да бидат решавачки за резултатот. Што се однесува до нас, Работнички е подготвен за надигрување, веруваме дека ќе одиграме на потребното ниво и дека ќе ги исполниме задачите што ќе ги постави шефот на  стручниот штаб Александар Влахо. Ако го сториме тоа, верувам дека можеме да оствариме позитивен резултат“, вели Бојан Илиевски.