shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Реми без голови на тестот против Гњилане во Струга

Работнички ремизираше без голови против косовскиот тим Гњилане во последниот тест на подготовките во Охрид. Во пеколни услови, на стадионот во Струга, двете екипи прикажаа сепак квалитетна игра. Кристијан Стојкоски во 22.минута излезе сам пред противничкиот гол, но голманот на Гњилане успеа да одбрани.


Во вториот дел, капитенот на Гњилане, Прогни, го погоди дирекот од голот на Бурхан Мустафа.
Работнички настапи во следниот состав: Мустафа, Илиевски, Ристевски, Позњак, Ристовски, Тодоровски, Османоски, Л. Станковски, Стојкоски, Тантуровски, М. Станковски: Уште играа: Кировски, Стојков, Сухељ, Лазаров, Ангелов, Хајдари, Трајановски, Баџи.