shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Триумф над Охрид (2-0) на тестот на „Билјанини извори“

Работнички ја оствари втората победа во низа на подготовките во Охрид, совладувајќи го второлигашот Охрид на стадионот „Билјанини извори“ со 2-0. Стрелци на головите беа Кристијан Стојкоски во 40.минута и Марио Станковски во 44.минута.

Работнички беше подобар противник во текот на овој дуел, а надмоќта ја материјализираше во финишот од првиот дел. По една убава акција, Сухељ му подготви изгледна позиција на Стојкоски, а тој од 12 метри со десната нога го совлада голманот Никола Симоноски. Четири минути подоцна, Бојан Илиевски нафрли од десната страна, а Марио Станковски со волеј удар ја затресе мрежата на охриѓани.

Тренерот Александар Влахо го почна натпреварот со следниот тим: Мустафа, Илиевски, Ристевски, Позњак, Ристовски, Лазаров, Тодоровски, Сухељ, Стојкоски, Тантуровски, М. Станковски. Уште играа: Јанков, Стојков, Кировски, Османоски, Ѓурчиновски, Љушев, Ангелов, Л. Станковски, Трајановски, Хајдари, Дарбо, Баџие.

Следниот тест за Работнички ќе биде косовскиот тим Гњилане на 27 јули.