shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички означи старт на летните подготовки (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Работнички стартуваше со летните подготовки. Тренерот Александар Влахо и спортскиот директор Горан Станковски извршија прозивка на фудбалерите, а потоа тимот го одработи и првиот тренинг во клупската база. Амбициите на клубот секогаш се со европски поглед, а досега се доведени три нови засилувања, Бојан Илиевски, Анес Османоски и Дејан Тантуровски.

Раководството на клубот работи на ангажман на уште неколку нови имиња кои ќе бидат објавени по потпишување на договорите.

Тимот на Александар Влахо денеска стартуваше со подготовките, првата фаза ќе биде одработена во клупската база, а полека ќе с зголемува и интензитетот на работа.