shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Дејан Тантуровски, ново засилување за Работнички

Работнички доведе уште едно засилување во летниот преоден рок. По Бојан Илиевски и Анес Османоски, третото ново име во составот за следната сезона е Дејан Тантуровски. Офанзивецот кој минатата сезона настапуваше за Силекс ја прифати понудата на Работнички.

„Тантуровски е квалитетен прволигашки играч со драгоцено искуство и мислам дека сериозно ќе го подигне квалитетот на нашиот тим. Се обидуваме да го засилиме ростерот во сите линии на тимот и сигурно во Работнички ќе има уште неколку засилувања во овој летен преоден рок“, изјави спортскиот директор Горан Станковски.

Утре од 18 часот, тренерот Александар Влахо ќе ја изврши првата прозивка на фудбалерите и ќе биде означен стартот на летните подготовки на ФК Работнички.