shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

ФК Работнички го поддржа капитенот Горан Силјановски за нов интернационален предизвик

Фудбалскиот клуб Работнички на барање на капитенот Горан Силјановски донесе одлука да му излезе во пресрет и да му овозможи како слободен агент повторно да излезе на интернационална сцена. Со оглед на долгогодишната соработка и се што Силјановски даде за клубот, Работнички одлучи да прифати спогодбен раскин шест месеци пред истекот на договорот.

Горан Силјановски во 2019 година се врати во нашиот клуб и ја носеше капитенската лента по двегодишен настап во првенството на Албанија. Претходно, Силјановски беше член на Работнички и во периодот од 2013 до 2017 година.

Работнички секогаш во преден план го има интересот на своите фудбалери и наоѓа начин да им помогне во развојот на кариерата.