shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ристе Јанков на списокот на А-тимот на Македонија за Европското првенство

Голманот на Работнички, Ристе Јанков, доби повик од селекторот Игор Ангеловски да биде дел од репрезентацијата на Македонија која ќе учествува на Европското првенство. Тој се најде на списокот од 26 имиња кои на 25 мај треба да го имаат првиот собир пред стартот на подготовките за завршниот турнир.

Јанков е меѓу тројцата фудбалери од домашното првенство вброени на списокот на Игор Ангеловски, заедно со Егзон Бејтулаи и со Марјан Радески.

„Ристе Јанков, заедно со Дарко Чурлинов и со Милан Ристовски, се дел од младите сили кои доаѓаат од селекцијата до 21 година од минатиот циклус. Верувам во нивните квалитети“, изјави селекторот Игор Ангеловски.