shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Триумф (1-3) против Вардар во градското дерби

Работнички ја оствари десеттата победа во шампионатот откако го совлада Вардар со градското дерби со 1-3. По овој трумф, нашиот тим се наоѓа на петтата позиција на табелата со 44 бода.

Работнички беше подобар ривал од Вардар и заслужено славеше на оваа пресметка. Уште од смаиот старт избраниците на Александар Влахо тргнаа офанзивно, а тоа резултираше со водечки погодок во 12.минута што го постигна капитенот Горан Силјановски. Тој од десетина метри со силен удар ја испрати топката зад грбот на Филип Илиќ.

Во 26.минута, Работнички поведе со 0-2. Убава топка доби Лука Станковски кој одлично асистираше од десната страна за Фахрудин Ѓурѓевиќ пронаоѓајќи го буквално осамен на вториот дирек. Не му беше тешко да пласира во празната мрежа.

Се закани и Марио Станковски, но не беше прецизен.

Во вториот дел, Стефан Јевтоски со одличен удар со глава зголеми на 0-3 во 57.минута, а Вардар во финишот постигна погодок преку Александар Петејчук поставувајќи ги конечните 1-3.

Во следното 32 коло, Работнички на домашен терен го пречекува Силекс.

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 1-3 (0-2)

Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје. Судија: Јосип Бартон. Стрелци: Петејчук 83′ (Вардар), Силјановски 12′, Ѓурѓевиќ 26′, Јевтоски 57′ (Работнички). Ж. картони: Најденов (Вардар), Тодоровски, Силјановски (Работнички).

ВАРДАР: Илиќ, Ѓуркоски (46′ Мирков), Велкоски, Давидоски (75′ Реџепи), Величковиќ (51′ Петејчук), Лазаревиќ, Крстевски, Најденов, Мирчевски (75′ Стојановски), Петковски, Блажевски (63′ Гугуљанов).

РАБОТНИЧКИ: Мустафа, Гроданоски, Силјановски (72′ Стојкоски), Ѓорѓевиќ, Стојков (64′ Максимов), Јевтоски, Тодоровски, Ристовски (80′ Ристески), Л. Станковски (80′ Зука), М. Станковски, Ѓурѓевиќ (72′ Прелчец).