shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Пораз (3-5) од Шкендија во ефикасен дуел

Работнички загуби со 3-5 од Шкендија во 30.коло од Првата фудбалска лига. По ова, нашиот тим останува на петтата позиција на табелата со 41 бод.

Во отворен натпревар на Нациoналната арена „Тодор Проески“ беа постигнати дури осум гола. Пред почетокот на мечот, новиот шампион Шкендија спортски доби честитки и цвеќе од капитенот Горан Силјановски и фудбалерите.

Возбудата почна од самиот старт. Во втората минута голема грешка направи Костадин Захов, голманот на Шкендија топката да го префрли, а Марио Станковски ја следеше ситуацијата и го потврди голот.

Шкендија израмни во 19.минута со погодокот на Вандерсон да Силва. Тој со удар со глава ја затресе мрежата на Јанков. Кон крајот на полувремето, по слабата реакција на Јанков, Рубин Хебај, во 42.минута ја доведе Шкендија во водство.

По еден час игра, тренерот Александар Влахо го освежи тимот, а нововлезениот Фахрудин Ѓурѓевиќ во 69.минута и побегна на гостинската одбрана, го мина Захов и израмни на 2-2.

Овој резултат беше се до десетина минути пред крајот, кога Валмир Нафиу во 81.минута донесе ново водство за Шкендија. Пет минути подоцна Арменд Алими постигна гол од слободен удар, а во 89.минута и Стефан Јевтоски постигна прекрасен погодок од слободен удар. Во 92.минута, кога и голманот тргна во противничкиот шеснаесетник по израмнување, Бесарт Ибраими го постави конечниот резулат, 3-5.

Работнички во 85.минута со играч помалку поради исклучувањето на Кировски, кој заработи втор жолт картон.

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 3-5 (1-2)

Национална арена „Тодор Проески“. Судија: Александар Грујоски (Кичево). Стрелци: М. Станковски 2’, Ѓурѓевиќ 69’, Јевтоски 89’ (Работнички), Вандерсон 19’, Хебај 42’, Нафиу 81’, Алими 86’, Ибраими 92’ (Шкендија). Ж. картони: Кировски, Силјановски, Грозданоски (Работнички), Дита (Шкендија). Ц. картон: Кировски (Работнички).

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Грозданоски, Кировски, Ѓорѓевиќ, Максимов (64’ Стојков), Ристовски, Тодоровски, Силјановски (64’ Јевтоски), Л. Станковски, М. Станковски (80’ Стојкоски), Прелчец (64’ Ѓурѓевиќ).

ШКЕНДИЈА: Захов, Мурати, Бејтулаи, Кривак, Павиќ, Алими, Дита (76’ Љума), Ќака, Елези (57’ Нафиу), Хебај (64’ Ибраими), Да Силва (75’ Рамани).