shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Влахо: Освоивме важен бод на тешкото гостување во Струга

Работнички ремизираше 1-1 против Струга Трим Лум во 27.коло од Првата фудбалска лига. Стружани поведоа во првото полувреме со голот на Филип Миленковски, а израмни Марио Станковски со погодокот во 58.минута.

Тренерот Александар Влахо вели дека е освоен важен бод на тешкото гостување во Струга и борбата за третото место се уште трае.

„Освоивме бод на жешкиот терен во Струга и со оглед на проблемите што ги имавме со суспендирани и повредени фудбалери, задоволен сум од изданието на тимот. Домаќинот поведе во првото полувреме, ние успеавме да возвратиме во вториот дел, а Струга ТЛ имаше уште неколку можности и за победа на овој меч. Оттаму, реално треба да бидеме задоволни со ремито и со освоениот бод. Ќе мора брзо да го оставиме гостувањето во Струга зад нас затоа што веќе викендов не очекува уште еден натпревар со директен конкурент, Македонија ЃП. Третопласираната екипа ни гостува на арената „Тодор Проески“ и со евентуален триумф повторно ќе бидеме во трка за Европа, има уште 18 бода на располагање до крајот на шампионатот. Ќе се подготвиме најдобро што можеме во наредните денови и се надеваме на позитивен епилог за нас“, вели шефот на стручниот штаб, Александар Влахо.

Работнички по 27 кола се наоѓа на петтата позиција на табелата со 40 бода.