shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Реми (1-1) на гости против Струга Трим Лум

Работнички ремизираше (1-1) против Струга Трим Лум на гостински терен во 27.коло од Првата фудбалска лига. По ова реми, нашиот тим останува на петтата позиција на табелата со 40 освоени бода.

Тимот на Александар Влахо освои бод на тешкото гостување. Домашниот тим се закани во 16.минута, но ударот на Алтипармаковски заврши крај голот на Јанков. Во 33.минута, Струга Трим Лум успеа да стигне до водство со голот на Филип Миленкоски. Алтипамарковски се проби по десната страна, уфрли на петерецот, а Миленкоски од прва ја испрати топката во мрежата.

Работнички се обиде да израмни од слободен удар, но шутот на Јевтоски заврши над гредата.

Во вториот дел, подобра игра на составот на Александар Влахо и заслужено израмнување. Во 58.минута, Драшко Ѓорѓевиќ упати удар кон голот, топката удри во еден противнички фудбалер и дојде до Марио Станковски кој одлично реагираше и со удар со глава погоди на вистинското место.

Ристе Јанков беше во неволја кога Христијан Грозданоски невнимателно врати топка кон голот и со лизгачки старт успеа да ја спаси мрежата. До крајот, Фахрудин Ѓурѓевиќ имаше закана со непрецизен удар, а и Алтимармаковски не се снајде најдобро пред голот на Јанков.

Во следното 28.коло, Работнички на домашен терен ја пречекува Македонија ЃП.