shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Влахо: Работнички гради победнички карактер

Работнички оствари значајна победа над Борец откако во самата завршница преку Фахрудин Ѓурѓевиќ постигна два гола и негативата од 0-1 ја претвори во триумф 2-1. Шефот на стручниот штаб Александар Влахо го истакнува карактерот на своите фудбалери како клучен елемент во триумфот.

„Знаевме дека не очекува тежок натпревар против Борец, во таков стил и се подготвувавме за дуелот. Се покажа дека битката ќе трае до последните мигови, а среќен сум што тимот покажа победнички карактер. И покрај примениот гол, во завршницата покажавме желба и решителност за победа и возвративме брзо и ефикасно преку Фахрудин Ѓурѓевиќ. Морам да потенцирам дека фудбалерите кои влегоа од клупата внесоа голема свежина во играта, а Ѓурѓевиќ беше творец на победата и практично со два одлични потези го реши натпреварот. Тој не доби минутажа на последните натпревари, но и покрај тоа го задржа духот, покажа карактер и успеа да донесе важна победа за тимот. Ова е голем поттик да продолжиме напорно да работиме и во наредниот период и да се подготвиме добро за следното првенствено искушение против Пелистер“, изјави Александар Влахо.

По 25.кола од шампионатот Работнички се наоѓа на петтата позиција со 36 бода.