shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Влахо: Борец е цврст тим, имаме исто бодовно салдо

По две седмици пауза поради репрезентативните настапи,Работнички в недела продолжува со првенствените обврски. На домашен терен го пречекува тимот на Борец, кој е шестопласиран на табелата, со идентичен број бодови (33) како и нашиот тим.

Шефот на стручниот штаб Александар Влахо вели дека Работнички квалитетно ја искористил мини – паузата во шампионатот и очекува тежок дуел против Борец.

„Борец е цврст тим, имаат исто бодовно салдо како и Работнички и нема да биде лесно да се совлада. Го почитувам колегата Борче Христов, мислам дека неговата екипа умее одлично да игра на резултат и не се сомневам дека не очекува тежок и неизвесен натпревар. Ние одработивме еден вид мини – подготовки за време на репрезентативната пауза, се подготвивме, се освеживме, одигравме и пријателски натпревар против Ренова. Бевме без четворица фудбалери кои имаа репрезентативни обврски, Јанков, Лука Станковски, Максимов и Тодоровски, но, сепак, видов многу добри елементи во играта, а секако исправивме и одредени грешки. В недела, очекувам да одиграме квалитетен натпревар, на домашен терен конечно да го покажеме целиот потенцијал и да оствариме успех“, вели шефот на стручниот штаб, Александар Влахо.

Главен судија на натпреварот меѓу Работнички и Борец, в недела (15 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде Александар Грујоски од Кичево.