shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Репрезентативниот викенд пополнет со тест против Ренова

Работнички закажа пријателски натпревар против прволигашот Ренова в сабота, со почеток во 15 часот, на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Паузата во првенството поради настапот на фудбалската репрезентација на Македонија ќе биде пополнета со квалитетен тест на формата за составот на Александар Влахо.

Тимот нема да биде комплетен со оглед дека четворица фудбалери имаат обврски со националните селекции. Ристе Јанков е дел од А-тимот, додека Лука Станковски, Димитар Тодоровски и Методи Максимов се наоѓаат во Анталија со младата фудбалска репрезентација до 21 година.