shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Јанков: Чест ми е што сум дел од А-тимот на Македонија

Голманот на Работнички, Ристе Јанков, е горд што е дел од А – репрезентацијата на Македонија. На денешниот прв тренинг даде изјава за јавноста. Верува дека Македонија може да оствари успеси и во квалификациите за Светското првенство во Катар.
„Чест и задоволство е што ќе бидам дел од овој тим, благодарам за поканата. Ќе го дадам својот максимум за што подобро да се подготвиме за овие натпревари. Оваа селекција има квалитет и може да се носи со сите. Верувам дека ќе ја постигнеме нашата цел. Докажавме дека имаме квалитет со пласманот на Европското првенство. Убеден сум дека момците ќе го дадат максимумот. Секој натпревар е важен и верувам дека ќе имаме успеси“, изјави Ристе Јанков.
Македонија на стартот од квалификациите за Светското првенство ќе игра против Романија во Букурешт на 25. март. Потоа следат дуелите со Лихтенштајн во Скопје (28.март) и со Германија во Диосбург (31.март).