shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Пораз (0-2) од Академија Пандев

Работнички го доживеа првиот пораз во пролетниот дел од сезоната откако загуби со 0-2 од Академија Пандев во 23. коло, на отворањето на третиот круг од првенството во Првата лига. По овој пораз, Работнички останува на петтата позиција на табелата со 32 бода.

Гостите нападнаа од самиот старт, а тоа го искористи Марио Крстовски кој постигна водечки погодок во 11.минута од мечот. Мартинага центрираше од левата страна, а Крстовски погоди со удар со глава.

Работнички имаше неколку можности за израмнување, преку Никола Прелчец, Димитар Тодоровски, Лука Станковски, но не успеа во тоа. На самиот истек од првиот дел беше досуден пенал за Работнички, а не успеа да го претвори во погодок Никола Прелчец. Голманот Марко Јовановски ја прочита неговата намера и го одбрани ударот.

Марио Крстовски имаше уште една убава можност во првото полувреме, но одбраната на Работнички расчисти откако претходно Ристе Јанков го одбрани шутот на Илиев.

Во вториот дел, Работнички продолжи офанзивно, се редеа шанси пред голот на Академија Пандев, но и реализацијата не беше на ниво.

Во 77.минута, нововлезениот Кристијан Велиновски доби топка во шеснаесетникот и со прецизен удар ја затресе мрежата на Јанков.

РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0-2 (0-1)

Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје. Судија: Јован Качевски (Струга). Стрелци: Крстовски 11’, Велиновски 77’ (Академија Пандев). Ж. картони: Јевтоски (Работнички), Томовски, Миловановиќ, Јовановски, Ферати (Академија Пандев).

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Ристески (86’ Пецов), Грозданоски, Ѓорѓевиќ, Силјановски, Јевтоски (61’ Петковски), Тодоровски (72’ М. Станковски), Ристовски, Л. Станковски, Стојкоски (83’ Лазаров), Прелчец.

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ: Јовановски, Јованов, Серафимов, Манев, Мартинага, Илиев, Ферати, Томовски (74’ Димоски), Радески, Миловановиќ (64’ Велиновски), Крстовски (80’ С. Пандев).