shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Силјановски: Дуелот со Силекс е екстремно важен за Работнички

Работнички по двонеделната пауза се враќа во натпреварувачки ритам и сака да продолжи во победнички стил. По триумфот над Академија Пандев (0-1) во првото пролетно коло во Струмица, тимот на Александар Влахо утре на Националната арена „Тодор Проески“ го пречекува Силекс. Секако, желба е да се продолжи по победничките патеки, важноста на мечот ја потенцира капитенот Горан Силјановски.

„Дуелот со Силекс е екстремно важен за Работнички. По успешниот старт и триумфот над Академија Пандев, сакаме да продолжиме во ист стил и против Силекс, на домашната пролетна премиера. Подготвени сме за предизвикот, максимално мотивирани и се надеваме дека ќе успееме да ги освоиме трите бода. Силекс заслужува респект, имаат квалитетен состав, но ние веруваме во нашите можности и посакуваме триумф“, вели Горан Силјановски.

Натпреварот меѓу Работнички и Силекс е закажан за утре, со почеток во 14 часот, на Националната арена „Тодор Проески“, а ќе го суди Александар Грујоски од Кичево.