shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Од Водно се гледа и Европа (ФОТО)

Ден за спортска рекреација. По првиот пријателски натпревар против Борец (1-1) фудбалерите и стручниот штаб на Работнички имаа активен одмор со искачување на Водно. Една мала планинарска тура до Милениумскиот крст на Водно, дружба, забава и тим-билдинг.

Од Водно се гледа и Европа. Иако есента не беше резултатски фантастична, сепак, надежите за излез на европска сцена не се загубени. Секако, многу поважно е да се побегне што е можно побрзо кон горниот дел од табелата.