shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Реми на првиот тест против Борец

Работнички ремизираше (1-1) против Борец на првиот пријателски натпревар од зимските подготовки. На дуелот во Велес, избраниците на Александар Влахо одиграа борбен натпревар, а поведоа со голот на Јован Петровиќ во 20.минута. Српскиот интернационалец кој е на тестирање во тимот на Работнички, се снајде најдобро во петерецот по слободниот удар од десната страна и ја затресе мрежата на Борец.

Водството на Работнички беше анулирано кон крајот на натпреварот. Борец израмни со погодокот на Ибрахимовиќ во 82.минута од дуелот.

Тренерот Александар Влахо им даде подеднаква минутажа на сите фудбалери, со оглед дека се работи за прв пријателски натпревар. Работнички го стартуваше мечот со следниот тим: Мустафа, Пецов, Грозданоски, Кировски, Зука, Ангелов, Јевтовски, Тодоровски, Максимов, Петковски, Петровиќ. Во вториот дел настапија и Јанков, Силјановски, Зекири, Ѓорѓевиќ, Стојков, Лазаров, Стојкоски, Јонуз, Ристовски, Рамадани, М. Станковски.

Слениот тест на формата ќе биде в сабота против Тетекс, со почеток во 14 часот.