shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички стартува со пријателските мечеви, утре дуел против Борец

Работнички ја стартува втората фаза од зимските подготовки, воигрување на тимот и одигрување на пријателски натпревари. Првата од шесте контроли е закажана за утре, со почеток во 13.30 часот на Градскиот стадион во Велес, а противник е прволигашот Борец.

Избраниците на тренерот Александар Влахо го почувствуваа натпреварувачкиот дух играјќи интерен тренинг меч, но од утре ќе стартува и вистинската проверка на можностите. Тоа воедно ќе биде и можност за докажување на квалитетите и борба за место во стартниот состав за пролетниот дел од сезоната.