shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Првиот тест, вовед за пријателските натпревари (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Тимот на Работнички влегува во втората седмица од подготовките, а шефот на стручниот штаб Александар Влахо денеска ги подели фудбалерите во два тима за меѓусебен натпревар. Ова треба да биде вовед за пријателските мечеви кои ќе стартуваат со дуелот против Борец на 20. јануари.

Сите фудбалери добија дозирана минутажа, како почеток на новата фаза од подготовките. Нозете се уште се тешки, но сите сакаат да се наметнат и се борат за место во составот.